СДСМ: Мицкоски тера некрофилна кампања врз грбот на починатите од Ковид-19

by fokus

Откако денеска од ВМРО-ДПМНЕ на Триумфалната порта поставија транспарент,со бројот на заразени и починати од Ковид-19, нарекувајќи го бројчаникот на Заев, со реакција се јавија од СДСМ.

-Некрофилната кампањата што ја тера Мицкоски врз грбот на починатите и заболените од светски раширениот коронавирус, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели го покажува неговото политичко дно.

Мицкоски нема никаква грижа на совест што ги кршеше мерките, што постојано ја поткопува борбата против пандемијата, што работи против здравствениот систем и го загрозува јавното здравје.

Кога одеше во кафана и ги крешеше мерките, или во теретана, дали тогаш мислеше на заболените од ковид и нивните семејства? Не.

Дали мислеше на здравствените работници, кои се првите линиии во борбата против вирусот, кога организираше настани на кои не се носат маски и не се држи дистанца? Не.

Дали Мицкоски мислеше на последиците кога неговиот Вело Марковски велеше дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски? Не.

Или кога неговиот Наќе Чулев ги храбреше граѓаните да ги кршат мерките за заштита, велејќи дека полицијата нема да ги казнува?

Или кога го блокираше заемот за опремување на клиничките болници? Не. Никогаш.

Мицкоски е најголема закана за здравјето на граѓаните!

Само Мицкоски и ДПМНЕ некрофилска се радуваат на жртви, на смрт, на починати сограѓани, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи, Турци….

Има еден збор за ваквото однесување, Мицкоски е мрачен некрофил, опасен по здравјети и тоа што го прави е одвратно!

Вакво ниско ниво на политичка култура не е видена досега.

Јавноста и граѓаните ќе ценат кој со месеци пожртвувано се бори да се справи со тешките последици од оваа светска криза, а кој подмолно се обидува да профитира радувајќи се на смртта!, се посочува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости