Христијан Мицкоски не само што му се приклучи туку и самиот се сведе на портпарол на Јанко Бачев, додека им слугува на неговите антизападни шефови против НАТО и ЕУ, реагираат од СДСМ на денешниот говор на Мицкоски на протестот пред Собранието.
-Ова е ново дефинирање на антизападниот Мицкоски откако јасно се позиционираше против државните интереси, против напредокот, против членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Од темната страна се деструктивците од минатото, Мицкоски, Бачев и антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, заглавена, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ. Од другата страна се граѓаните и нивните интереси за подобар живот, СДСМ, коалицијата,