598
СДСМ како одговорна партија во ова време на пандемија има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата. Токму затоа изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно протоколите за заштита, бидејќи официјалните податоци на здравствените институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека постојат услови за одржување на одложените парламентарни избори, се вели во партиското соопштение.
-Токму затоа Христијан Мицкоски е во паника, бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите поради своето неодговорно и деструктивно однесување во време на пандемијата. Мицкоски сака криза, сака незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните. Тоа СДСМ нема да го дозволи. Нема да дозволиме пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза. Ништо нема да го спаси Мицкоски од пораз за неговите пропаднати политики, велат од СДСМ.