Владејачката партија смета дека вечерашниот митинг како и на секој митинг на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години, повторно ги имал истите пораки за поделби на ваши и наши и за враќање назад.
Во врска со барањето за предвремени избори заедно со претседателските, за СДСМ тоа е класичен партиски блеф на Мицкоски, кој како што се вели во соопштението, е соочен со слабиот рејтинг и немањето поддршка од граѓаните.
-Не е лесно да го следиш Груевски во време кога СДСМ добива огромна поддршка на локални избори со освоени 57 градоначалници. Денес, СДСМ е фаворит на било какви избори, а тоа го покажуваат и сите релевантни истражувања на јавното мислење. Поддршката на граѓаните е силно изразена за владејачкото мнозинство, за СДСМ, и за претседателот Зоран Заев, се вели во писмената реакција.
Според СДСМ нема никаква разлика, односно Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години.
– Мицкоски вечерва повика Македонија да се врати назад, во темното минато на криминалот, корупцијата, осиромашувањто на граѓаните, на газењето на човековото достоинство, на оддалечувањето на земјата од европските вредности. И тоа нема да се случи, се вели во реакцијата од СДСМ на митингот на ВМРО ДПМНЕ.