СДСМ: Мицкоски сака да создаде политичка криза, но не му бега изборен пораз

by Фокус

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат избори и институции со полн легитимитет, туку сакаат да создадат политичка криза од која се надеваат дека ќе профитираат, реагираа од СДСМ кон интервјуто на Мицкоски на Телма.

-На почетокот Мицкоски се потсмеваше и ја потценуваше здравствената закана од коронавирусот, со изјави дека СДСМ посакувала да се случи пандемијата. Ширеше Мицкоски лажни вести дека има само 100 тестови за корона, а потоа десетици илјади граѓани се тестираа. Мицкоски лажеше дека има 140.000 работници без работа а вистината е дека се околу 8.000. Работеше против министерот Венко Филипче и му поднесуваше кривични пријави. Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да создадат политичка криза и да ја отежнат, да ја продлабочат економската криза, тоа е нивната стратегија која нема да успее“, соопштија од СДСМ.

Од таму порачуваат дека Мицкоски ќе загуби на изборите без оглед дали ќе се одржат во јуни или на друг датум („дата икс“).

Поврзани новости