СДСМ: Мицкоски работи и против повисоки плати и пристап до нови европски фондови

by fokus

Во денешното соопштение од СДСМ кое е реакција на интервјуто на Христијан Мицкоски во кое вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени, порачаа дека тој уште еднаш покажал дека е деструктивен политичар, кој прави се да ја оддалечи државата од ЕУ.

-Секој што работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска унија. Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ, работи и против македонскиот јазик во ЕУ. Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до нови европски фондови, велат од СДСМ.

Додаваат дека Мицкоски одработувал за туѓи интереси и против ЕУ и дека тоа е поразително за него и за неговата партија.

Поврзани новости