Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека со лидерот на Левица, Димитар Апасиев се изолирани и сами против ЕУ, а фарсата за референдум нема поддршка ниту од опозицијата, реагира СДСМ по изјавата на Мицкоски дека само СДСМ и инсталации на власта во опозицијата се против референдум.
-Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од другите опозициски партии.
Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си.
Целото свое политичко делување Мицкоски го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните.
Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет, се вели во реакцијата на СДСМ.