СДСМ вечерва реагира на изјавата на Христијан Мицкоски сите членови на Комисијата за историја да поднесат оставка. Тие велат дека Мицкоски признал дека оставката на професорот Ѓорѓиев е негово дело.
Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на к=Комисијата е негово дело. Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија. И Комисијата и Владата ги демантираа лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата, но тоа не го спречува Мицкоски во неговите деструкции. Одамна е прочитано ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа повторно ќе биде казнет од граѓаните – велат од СДСМ.