739
Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски, реагираат од СДСМ откако Мицкоски објави дека е во Будимпешта каде во штабот на Виктор Орбан чека нова победа на унгарскиот премиер.
-Дали Груевски му ја кажа и „стратегијата“ за случајот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет дека правел малверзации за да стекне огромен имот во Скопје?
Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Затоа овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат Законот за Академија за судии и обвинители, велат од СДСМ.