Мицкоски повторно зборува со гласот на Груевски, во обид самиот да се дообјасни, реагираат денеска од СДСМ.
-На граѓаните им е јасно што сака Мицкоски: прво, Македонија да му овозможи амнестија на Никола Груевски и второ, Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ, да се откаже од врвните стратешки интереси. Нема потреба Христијан Мицкоски да се дообјаснува, ниту едното ниту другото нема да се случи, нека не се надева напразно. Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и оваа стратешката определба на Македонија од врвен државен интерес мора да биде почитувана.Мицкоски останува сам на браникот на криминалите на Груевски и неговите соработници. Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена се обидат да ја блокираат иднината, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш. Од волјата на граѓаните не може да избега. Нема да има амнестија за никого, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, велат од СДСМ.