СДСМ: Мицкоски одработува за туѓи интереси, има антидржавна агенда

by fokus

Секогаш кога државата се наоѓа во деликатни состојби и важни процеси, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за дополнително да ја отежнат позицијата на државата, велат од СДСМ во денешното соопштение.

-Со таквото однесување, станува јасно дека Мицкоски одработува за туѓи интереси.

Наместо конструктивност и кооперативност, секој важен процес Мицкоски го злоупотребува во обид да спечали некој ситен политички поен.

Мицкоски воопшто не мисли на интересите на граѓаните и државата, нему му се битни единствено личните и партиските интереси.

Деструкции, блокада на институциите, поткопување на државните позиции, тоа е се што знае и може Мицкоски.

Таквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одамна е препознаено од јавноста и затоа граѓаните, СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат Мицкоски заради туѓи интереси да ја врати државата во режим изолација и неизвесност.

Антидржавната агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе биде поразена, велат од СДСМ.

Поврзани новости