350
„Кочењата на Мицкоски и ДПМНЕ, во Собранието, во однос на блокадите на реформите, одбивањето соработка за стратешки важни прашања како членството во Унијата претставува директно и активно работење против ЕУ и НАТО“ велат од владејачката СДСМ.
Од партијата со став „Мицкоски и ДПМНЕ работат против интересот на земјата, против интересот на граѓаните и одработуваат за туѓи интереси, за оние кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ“.
„Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата. Македонија нема време за губење, граѓаните немаат нови години за губење. Собраниската процедури и дискусијата за уставните измени коишто се неопходни за продолжување на европскиот пат мора да започне“ се вели во партиското соопштение.