Христијан Мицкоски нема познавања и зборува невистини, ЕСМ продава вишоци струја на најповолниот понудувач, реагираат од СДСМ по денешните обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква ебергетска криза.
Тој нема познавања од енергеткија и лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.
Мицкоски ги извршува фактите и лажно претставува податоци во услови на глобална енергетска криза.
Освен невистинити обвинувања и критики, јавноста од поранешниот советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски не слушна никаков предлог, никаква идеја во интерес на граѓаните и стопанството, велат од СДСМ.