1K
Три години губитникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ, реагираат од СДСМ кон говорот на Мицкоски на денешниот протест во Скопје.
„Единствен идеал на Мицкоски е одбрана на криминал и тој е против правдата која што доаѓа. Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев. Борбата за социјална правда, солидарноста, меѓусебното разбирање и помагање се непознати категории за Мицкоски кој знае само да брани криминал и да се однесува деструктивно“, стои во партиската реакција.