И во најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски продолжува да шири политикантство и дезинформации, да работи против интересите на државата и здравјето на граѓаните. Мицкоски јавно се пофали дека лично тој успеал да обезбеди помош од Словенија за справување со корона вирусот, а подоцна повторно беше демантиран и тоа од страна на Миистерството за одбрана на Словенија кое обајави дека помошта за нашата земја е обезбедена преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, пишува во денешното соопштение на владејачката партија.
-Не е точно ниту дека ќе се намалат пензиите како што јавно лаже Мицкоски. Со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери. Нема крај неодговорното однесување на Мицкоски а последен доказ за тоа е снимката објавена на неколку медиумите каде што се гледа Мицкоски како излегува од спортска вежбална иако тие веќе не работат двесеттина дена. Мицкоски треба да одговори дали посетувал фитнес центри во време кога тие мора да бидат затворени како дел од мерките од превенција од корона вирусот? Ако веќе не може и не сака да помогне, Мицкоски нека не одмага, а своите фрустрации да престане да ги истура врз граѓаните, врз институциите, порачуваат од СДСМ.