После седум години постојан раст на просечната плата, во јули годинава има пад за речиси 1.000 денари, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, реагираат од СДСМ на тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека платите постојано растат, а инфлацијата паѓа.
-Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни кога изнесуваше 41.939 според податоците од Државниот завод за статистика. СДСМ во изминатите години ја зголеми просечната плата до над 41.000 денари. Во времето на ДПМНЕ просечната плата беше на половина, едвај 20.000 денари. Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата изнесуваше 20.853 денари. Платата постојано растеше со СДСМ со години наназад, во 2020 година просечната плата беше 28.294 денари, во 2022 година беше 34.364 денари а во 2024 година достигна над 41.000 денари. Тоа е таа разлика. Дојде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и платите почнаа да паѓаат, велат од СДСМ.