СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на најјако се заглавени во матрицата на груевизмот!

by fokus

СДСМ како одговорна и државотворна партија секогаш ги слуша потребите и гласот на народот, подготвена да се менува суштински, се со цел подобро да им служи на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

„Демонстрираната одговорност и преземените промени се доказ за определбата на СДСМ да го забрза напредокот на земјата, да обезбеди подобри услови за живот и повисок животен стандард.

Од друга страна, одговорноста и потребите на граѓаните се непознати категории за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ денеска се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција. Нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот и враќање на режимот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата и немаат ниту една идеја за промена, за излез од деструктивната матрица на груевизмот во која се влезени“, додаваат од владејачката партија.

 

Поврзани новости