„Поминаа цели 6 недели а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема. Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски“ соопштија денеска од СДСМ.
Од партијата велат „Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи како техничка вода, па дека има нови бактерии и вируси во водата, потоа уверуваа дека водата може да се пие а ниту еднаш не објавија целосен документ. Водата се испитува секој ден. Зошто тогаш не се објавува веќе шест недели?“.
„По 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени, граѓаните треба да видат целосен документ бидејќи водата за пиење е прашање на јавно здравје. Информациите за нејзината безбедност мора да бидат јавно објавени во еден целосен извештај. Со сите резултати и со потпис на одговорните. Сите мостри. Сите лабораториски анализи. Сите датуми. Сите утврдени бактерии и вредности. Сите институции што вршеле испитувања. И најважното – кој, врз основа на кои резултати и со чиј потпис утврдил дека водата е безбедна за пиење?“ прашуваат од опозициската партија.