75
Големиот пожар кој вчера околу пладне се прошири кон Струмица до месноста Софилар конечно беше ставен под контрола и тоа доцна во ноќта.

Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари, учествуваа и пожарникари од околните градови.

Во исцрпувачката битка им помогна и „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Информациите се дека нема поголеми материјални штети, иако огнените јазици навлегоа и во дворовите на куќите и викендичките во месноста Софилар.





