СДСМ: Мицкоски го брани Касами, молчи за настаните и провокациите во Тетово

by Fokus

„Христијан Мицкоски упорно молчи за настаните што се случија во Тетово во петокот. Нема ниту еден збор од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда“ соопштија денеска од владејачката СДСМ.

Оттаму велат „со таквиот молк, Мицкоски целосно се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје“.

„Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје“ се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости