Христијан Мицковски потврди дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на земјата. Мицкоски сака да ја влече земјата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација, се вели во соопштението од јавноста од СДСМ испратено непосредно по пресот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Цел регион да напредува, а Македонија да биде надвор од ЕУ, осамена и изолирана. Членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес. Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на вакво неодговорно и недржавничко однесување на Мицкоски. Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да се блокирани од ДПМНЕ. Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ, велат од СДСМ.