Кога здравствените работници, институциите, граѓаните пожртвувано се борат против коронавирусот и последиците од пандемијата, Христијан Мицкоски останува неодговорен и лицемерен политичар, кој глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а всушност се грижи само како да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, велат од СДСМ.
Во партиското соопштение тие велат дека од почетокот на кризата со коронавирусот од Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и лажни вести.
-Христијан Мицкоски правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните, а од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи, и поради него се отвораа теретани и се заклучуваа ресторани. Негов кадар во преодната Влада кочеше 33 милиони евра пари за опремување на здравствени установи. Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе имавме 16 опремени ковид болници, наведуваат од СДСМ.
Членот на неговиот Извршен Комитет Вело Марковски, велат од таму, јавно зборува дека вирусот не е опасен и внесува заблуди во јавноста.
-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање јавни собири за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и здравјето на своите приврзаници и јавното здравје. Христијан Мицкоски покажа дека е неспособен лидер, кому личните и партиските интереси му се поважни од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција, стои во соопштението на СДСМ.