СДСМ: Мицкоски е негативен лик кого граѓаните не го сакаат!

by Fokus

Со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ има 130 илјади гласови помалку од последните претседателски избори, велат од СДСМ.

„Првиот круг од претседателските избори покажа дека ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Хидро Мицкоски има 130 илјади гласови помалку од последните претседателски избори во 2014 година.

Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска го загубија првиот круг од претседателските избори, имаат помалу гласови од Стево Пендаровски.

Мицкоски е негативен лик кого граѓаните не го сакаат.

Јасно е дека граѓаните во поголем број се определени за напредок, членство во НАТО и ЕУ и не сакаат враќање назад.

Предноста на Пендаровски во првиот круг најавува уште поубедлива победа во вториот круг на концептот што води напред.

Граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи напреодкот. На 5-ти мај граѓаните ќе го изберат Пендаровски за нов претседател на државата“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости