Денеска, со нови демогогии и лаги на тема енергетика се јави Христијан Мицкоски човекот кој беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски, во време кога цената на струјата порасна до 100 отсто, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
-Мицкоски денес уште еднаш покажа дека е голем незнајко и голем манипулатор. Имено, тој во едно исто обраќање цената на струјата најпрво ја споредуваше најпрво со висината на платите во земјата, за потоа да ја споредува со светските цени на продажба на струја. Овие две споредби се неспоиви, а Мицкоски до сега требало да знае дека струјата има и свои светски, берзански цени и токму поради тоа нејзината цена ја утврдува независна регулаторна комисија.
Сепак, ако толку сака да ги споредува и висините на платите, Мицкоси треба да научи дека во време на ВМРО-ДПМНЕ и во негово време цената на струјата имаше највисок раст од 100%, а во време на СДСМ цената на струјата остана непроменета цели три години, додека платите имаа највисок раст во историјата на земјата. Оттука, раст на струја од 7% за три години е неспоредливо со растот на струја од 100% за нивните 10 години.
Покрај зголемување на цената, токму ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски ја укина евтината тарифа на струјата што значеше и сериозно дополнително зголемување на сметките на корисниците. СДСМ беше и натаму останува позади својата политика за евтина тарифа на струја, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ја укинуваа евтината тарифа на струјата, се вели во соопштението.