СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците ја подготвија измамата со кошничките

by Fokus

Целосниот дебакл на мерката наречена „новогодишна кошничка“ е резлтат на измамата која ја подготви Мицкоски заедно со трговците. СДСМ на ова јасно предупредуваше и ја разоткри шемата уште кога тој со трговците на маса ја подготвуваше. Токму со амин на Мицкоски, трговците ги качија цените и треба конечно да престане да ги лаже граѓаните. Касно е за префрлање на вината, обвини СДСМ.

„Сега треба да признае дека тој е автор на оваа огромна кражба на граѓаните во маркетите и дека во договор со трговците е дојдено до оваа ситација. Тој ги остави намерно и непречено да ги качуваат цените со месеци пред да стапи на сила мерката. А кога стапи на сила мерката цените само се качија а не се намалија. СДСМ со месеци укажува на тоа дека Мицкоски и Владата заедно со трговците кројат план и сега тој план конечно се потврди. За ова Мицкоски мора политички да одговара.

Какви робусни акции какви глупости најавува Мицкоски кога досега не спроведе ништо? После свадба тапани. Пред само три дена министрите од неговата Влада беа во маркетите и лажеа дека цените се намалени. Сега ќе побара ли Мицкоски одговорност од нив?

Мицкоски им слугуваше на неговите бизнис партнери и ги остави граѓаните сами. Затоа цените отидоа до плафон. Мицкоски не го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храна и реалните мерки кои ќе ги намалеа цените. Единствена причина што не ги прифати е затоа што не сакаше да има реални мерки, туку пропагандни налепници во маркетите да ги залажува луѓето.

Касно е за правдање сега и префрлање вина на неко друг, вината е кај Мицкоски. Најамалку што може да направи Мицкоски е да им се извини на граѓаните“ велат од опозициската партија.

Поврзани новости