909
Христијан Мицкоски треба да собере храброст и конечно да го признае третиот изборен пораз што ВМРО-ДПМНЕ последователно го доживува од граѓаните и од СДСМ, реагираше СДСМ, откако Мицкоски обвини дека владејачката партија се обидува да поткупи неколку пратеници од спротивниот табор.
„Залудно Мицкоски се обидува со лажни тврдења да бара алиби, со единствена цел, да го оправда сопствениот континуиран политички неуспех и изборен дебакл што го доживеа. Македонските граѓани на фер и демократски избори одлучија земјата да продолжи напред, по патот што го трасираше Владата предводена од СДСМ. Станавме членка на НАТО, граѓаните одбраа да станеме членка и на ЕУ, граѓаните одбраа да продолжи растот на платите, да има економска стабилност и развој, да има правда и одговорност за сите подеднакво“, стои во реакцијата на СДСМ.
Од таму порачуваат дека СДСМ ќе ја формира и идната Влада, по што, како што велат, со визија, стратегија и план ќе обезбедат уште поголем прогрес, напредок и резултати.