СДСМ: Мицкоски да ги тргне рацете од пратениците кои гласаа „за“

by fokus

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од сопствената партија, да ги тргнат рацете од сите пратеници кои сакаат иднина во ЕУ и НАТО, порачаа денеска од владејачката партија СДСМ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се антимакедонски и антизападни марионети спречени во обидите да ја закочат македонската иднина. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени од сопствената партија и не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот играч Мицкоски, да ги тргнат на страна рацете од сите граѓани и сите пратеници кои сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ. 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа волјата на над 80 отсто од сите граѓани. Македонија се обединува околу иднината во ЕУ и НАТО. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во темното минато на изолација и поделби“, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости