Христијан Мицкоски бега од лидерска, бидејќи единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата, обвинуваат од СДСМ.
„Има забелешки за попис а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива. Мицкоски е против правдата. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство“, стои во соопштението на СДСМ.
Од владејачката партија додаваат дека опозицијата бара предвремени избори, но, истакнуваат социјалдемократите, не сака да зборува за подобрување на изборниот законик, затоа што знае дека ќе ги загуби изборите.