Ќе има професионализација на институциите, ниту едно министерство нема да функционира како нечиј штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ беше пример за целосно поклопување на државата од страна на партијата, a еден од најочигледните примери за тоа беше партизацијата на Министерството за внатрешни работи кое ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО, по признание на тогашната министерка Гордана Јанкуловска“, додаваат од партијата.
Од СДСМ велат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена по најголемата партизација на државните институции во нивното 11 годишно владеење.
„Додека ВМРО-ДПМНЕ лицемерно обвинува за мешање на партијата и државата, директори на јавни претпријатија и членови на ВМРО-ДПМНЕ, како Ромео Тренов и Лука Кржаловски, бесрамно држат партиски прес конференции во нивното работно време, со што директно докажуваат дека работат единствено во интерес на партијата и спротивно на потребите и интересите на граѓаните“, стои во реакцијата на СДСМ.