Од СДСМ денеска побараа оставка од пратеникот Антонио Милошоски, повикувајќи се на објавена информација дека Милошоски бил осуден за незаконски дела во Германија.
-Како што е пренесено, судот во градот Ахен, пред неколку години, пресудил дека Милошоски сторил кривично дел фалсификување исправи.
Освен една нејасна изјава, во стилот не сум од тука, Милошоски го нема да се произнесе за овој нов скандал. Неодоговорно, молчи и Христијан Мицкоски.
За овој голем срам, Милошоски не треба да бега и да се крие туку веднаш да излезе пред граѓаните. Тој има обврска за овој скандал јавно да се произнесе, исто како и Христијан Мицкоски. Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија? Зошто ги криел податоците од граѓаните? Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикрие сопствените криминали?
Ако се потврдат овие информации, Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка.
Особено што граѓаните знаат дека за Милошоски веќе има предмет, обвинение пред македонските судови.
Правда мора да има за секој што се огрешил пред законот. Кога станува збор за политичари, одговорност прво треба да понесат пред граѓаните а потоа пред институциите, порачаа од СДСМ.