СДСМ: Мијалков избирал судии

by Фокус

Во чевртиот сет аудио снимки објавени на прес конференцијата, СДСМ тврди дека власта целосно го има узурпирано правосудниот систем. Според Заев, главен сепак бил Сашо Мијалков.

Во првиот разговор Мијалков ја известува Софија Лаличиќ дека е избрана за судијка. На снимката се слуша како и честита, а таа прашува за другите судии што се избрани со неа заедно. Од разговорот се дознава дека другата избрана судијка е извесна Тупанчевска, братучетка на професорот Тупанчевски, која според Лаличиќ, како што се слуша на снимката, со купување накит на претпоставените го заработила судиското место. Лаличиќ користи и навредливи зборови за колешката која е избрана за судијка. Блискоста на Мијалков и Лаличиќ се познава по тоа што таа слободно му предлага кои кандидати треба власта да ги избере за судии.

На втората снимка објавена од СДСМ се слуша како Мијалков зборува со извесна Цеце, која исто така била избрана за судијка и од која бара да биде почастен за ургенциите што тој ги презел за да и помогне.

Поврзани новости