СДСМ: Максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, бараме правда и поголема безбедност на улиците

by Fokus

СДСМ изразува длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина. Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите,соопштија од партијата.

„СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот.

Протестите се легитимно право на народот да изрази незадоволство и барање за одговорност од оние што не си ја извршиле својата должност.

Владата и Министерството за внатрешни работи мора итно да преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улиците. Не смееме да дозволиме нови трагедии поради институционална небрежност.

Ги повикуваме сите надлежни органи да дејствуваат без одложување и да обезбедат правда за жртвата и нејзиното семејство. Време е за одговорност“ порачаа од СДСМ.

Поврзани новости