СДСМ: Македонија е земја на мизерија

by Фокус

Граѓаните на Македонија живеат во режимска несигурност, сметаат од опозицискиот СДСМ откако последното истражување на институтот Като за 2015 година открива дека Македонија е петта земја по беда и мизерија.

„Македонија е во групата најбедни држави во светот заедно со Украина, Венецуела, Молдавија, Уругвај, токму како резултат на режимските политики на Никола Груевски и неговата власт. Ставрески и Пешевски како главни промотори на промашените економски политики не собраа храброст да одговорат зошто дозволија Македонија да биде 5-та во Европа по беда и мизерија“, стои во соопштението на социјалдемократите.

Поврзани новости