576
Тајкуните што ги создаде режимот, помогнати од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата, да не се донесе закон за ЈО, да се претстават како жртви и да се спасат, реагираат од СДСМ откако италијанскиот весник Ла Верита по трет пат објави серија на адуио-материјали, во кои, меѓу другото, првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски пред Орце Камчев го споменува и лидерот на владејачката партија и премиер Зоран Заев.
„Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како и лицата кои ги објавуваат материјалите. Тоа се шемите на Никола Груевски. Секој што се надевал дека со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите за да не бидат предмет во судска постапка и ќе се спаси од вина се излажал. Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. Истргата мора да ги лоцира сите вмешани во случајот од прв до последен“, стои во партиското соопштение.