Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ којашто 11 години ги осиромашуваше и задолжуваше граѓаните и државата и на тој начин стана најбогата партија во Европа, денес да обвинува за расипништво, реагираат од СДСМ на обвинувањета од ВМРО-ДПМНЕ за лошата економска политика.
-Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не го менува фактот дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати потврдени и преку економските параметри. Стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 е 21,9 отсто што е помалку во споредба со истиот период од 2016 година кога стапката на невработеност изнесувала 23,1 отсто. Растот на Бруто домашниот производ од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година, растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јануари 2018, кратењето на непродуктивните трошоци, како и зголемената помош за претпријатијата, се само дел од реалните показатели што ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.