СДСМ: Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни ценовни шокови

by Frosina Fakova

Во случај кога за само неколку месеци малопродажната цена на горивата е намалена за 20 денари, а согласно светските случувања се уште се намалува, дополнителната акциза нема да значи дополнителен финансиски товар за граѓаните и стопанството, реагира владејачката СДСМ на обвинувањата на опозицијата дека следуваат ценовни шокови со зголемувањето на акцијатата за горивата.

-Зголемувањето на акцизата на горивата е времено и ќе го следи намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, односно ако цената на нафтата се зголемува, тогаш дополнителната акциза ќе се намалува. Граѓаните да останат смирени, нема да има никакви ценовни шокови и инфлации како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Она што е важно е фактот дека трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати, одат директно во буџетот за поддршка на стопанството, социјалните мерки за поддршка на граѓаните и за поддршка на нашиот здравствен систем.Кризата со коронавирусот остава сериозни економски последици на глобално ниво, а не е поштедена ниту нашата земја и за нејзино надминување потребни се сериозни финансиски средства и солидарност од сите. Но солидарноста одамна е непознат поим за ВМРО-ДПМНЕ која продолжува со деструктивно и неодговорно однесување и во време на здравствена и економска криза, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости