303
Нервозата во ДПМНЕ достигнува кулминација, велат од СДСМ.
„Лагите на пратеничката Дафина Стојановска се голем срам и во спротивност со вредностите и заложбите за родова еднаквост. Блокирањето на седницата за пратенички прашања и лагите на Стојановска само ја потврдуваат разединетоста и нервозата на ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Според нив, недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги.
„Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не евтини и партиски манипулации“, дополнуваат од владејачката партија.