СДСМ: „Куририте“ со лаги ги оправдуваат паролите против НАТО од контрапротестот

by Фокус

Македонија е на нозе во одбрана на уставниот поредок и законите, во борба за слобода и демократија, а пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ, платена со пари на граѓаните, преку медиумските курири попусто се обидува да ја сокрие вистината, реагира СДСМ.

-Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор. Да не беше срамната одлука за аболиција на Ѓорге Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски. Македонија е на нозе, а куририте не ги спомнуваат протестите во Скопје и во градовите ширум Македонија за враќање на слободата, правдата и демократија. Во обид да ја сокријат вистината медиумските курири штанцаат измислици и невистини. „Курир“ отиде дотаму што со лаги се обиде да ги оправда паролите од контрапротестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието, на кои што беа испишани пораки против Европската унија, НАТО и амбасадорите во земјава.“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, кои што за три години оствариле приходи од 3 милиони евра. Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не им помага, правдата ќе ги стигне сите. Демократијата победува, доаѓа слободна и демократска Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости