466
-Осомничените соработници на ВМРО-ДПМНЕ бегаат бидејќи знаат дека е готово, сметаат од СДСМ коментирајќи го бегството на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен од СЈО, за кој денеска се распиша и меѓународна потерница.
-Бегството на Сеат Кочан, бизнис партнерот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, за што се информира во јавноста, покажува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници не ги интересираат ни граѓаните ни државата, само како да се спасат од одговорноста за 10-годишните криминали.
Но граѓаните гласаа за промени и правда и затоа е неопходно што побрзо да се формира новата реформска Влада, која ќе ги заштити интересите на граѓаните и на државата- порачаа од СДСМ.