Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на голема, глобална економска криза ги заштити граѓаните и не дозволи никој да профитира на грбот на народот, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата набавува леб по цени за 30 до 100 отсто повисоки од замрзнатите.
-Цената за векна бел и полубел леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година. Сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска. Укината е субвенционираната електрична енергија за пекарниците, која ја добија лани во ноември, со која требаше да ги намалат цените на своите производи за 10-15 отсто, велат од СДСМ.
Додаваат дека институциите преземаат сѐ за да се спречи профитирање на поединци на штета на граѓаните.