Измамата со така наречената новогодишна кошничка е во веќе покачените цени на производите на храна и пијалок кои граѓаните ги сведочат во маркетите во изминатиот период, соопшти СДСМ.
„Власта на Мицкоски им остави време и трговците ги покачија цените. Тоа освен што го знаат граѓаните го потврдуваат и официјалните податоци на Државнот заводот за статистика.
Инфлацијата во месец ноември е зголемена и изнесува 4,3% а зголемувањето е најмногу како резултат на зголемувањето на трошоците на животот за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %. Значи јасно е како ден дека Мицкоски направи дил со трговците дозволувајќи им да се богатат на грбот на граѓаните. Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците“ наведуваат од СДСМ.