СДСМ контра ВМРО-ДПМНЕ: Србија им плаќа поскапо на Бехтел и Енка

by fokus

Издиша хајката на ВМРО-ДПМНЕ против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10-д и против реномираната компанија Бехтел, одговараат денеска од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Артан Груби признал дека ќе се плаќаат пенали.

-Не е точно дека договорот предвидува пенали и бидејќи нема нови ВМРО-ДПМНЕ штанца стари лаги. Со посебен закон и со поскап договор конзорциумот „Бехтел и Енка“ гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во употреба дел од автопатот. Партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии и промашени проекти, како што е автопатот Кичево-Охрид, велат од СДСМ.

Поврзани новости