СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ: Груевски 11 години ги ограбуваше граѓаните, Македонија ја држеше во заложништво!

by Fokus

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не се крие зад бесмислени прес конференции и да каже дали е за ЕУ и НАТО, полицијата работи одговорно и професионално, сметаат од владејачката СДСМ по денешните препукувања од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека законите не се исти за сите.

„Раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено Христијан Мицкоски, бадијала измислува непостоечки случаи. Со нив, не може да го покријат криминалот на Никола Груевски ниту пак да му обезбедат аместија.

Раководството на ВМРО ДПМНЕ да не се крие зад празни, бесмислени прес конференции туку јасно да каже дали е за ЕУ и НАТО или е против.

Бројните судски постапки покажуваат како криминалната матрица на Никола Груевски 11 години системски ги ограбувше и осиромашуваше граѓаните, додека иднината на Македонија ја држеше во заложништво, изолирана.

Без напуштање на оваа матрица и јасен повик до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за финализирање на чекорот кој води до членство во ЕУ и НАТО во Собранието Мицкоски останува на страната на Груевски, на страната против членството во НАТО и ЕУ, на страната на изолацијата.

Колку и да измислува ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прикрие фактите дека стапката на криминал се намалува за разлика од времето на нивното криминално владеење. Полицијата работи ефикасно, професионално и во служба на граѓаните, а доказ за тоа се и последните големи полициски акции за сузбивање на криминалот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости