Мицкоски треба да се засрами од своето однесување кое е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, а тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, се вели во соопштение на владејачката СДСМ.
„Во изминатиов период, кога земјата се соочува со здрваствена криза, Мицкоски демонстрирал само непочитување на мерките, деструкција и ширење лажни вести.
„Јасно е дека за него неговата теретана и неговите кафеани се поважни од здравјето на луѓето“, велат од СДСМ.
Од таму нагласуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков однос и одговорност ниту за болните, ниту за докторите.
„Дополнително, злоупотребувајќи ги своите инсталации во МВР, од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги сокријат трагите од прекршувањата на законите“, се наведува во партиското соопштение.