СДСМ: Колку пари зела фирмата на Камиказа за новогодишната забава?

by fokus

Наместо за зеленило и заштита на животната средина, наместо во капитални проекти, Арсовска парите на скопјани ги планира за вдомувања на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ., обвини советникот во Советот на Град Скопје од СДСМ, Мартин Попов кој прашува дали фирмата на кандидатот за градоначалник за Скопје, Петар Георгиевски Камиказа, КЛС била ангажирана за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад.

-Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација? Ако е донација тогаш таа треба да мине низ Советот на Град Скопје, ако се работи за спонзорство, тогаш треба да има договор за спонзорство. Данела Арсовска им должи одговори на скопјани на овие прашања, прашува Попов.

Од ВМРО-ДПМНЕ на Попов му одговорија дека прославата на Арсовска скопјани ги чинеше нула денари, за разлика од тие кои ги организирал претходниот градоначалник, Петре Шилегов.

-Новогодишната прослава чинеше за 100 илјади евра помалку од таа што Шилегов ја направи на криминален начин и за која ДКСК покрена иницијатива за разгледување, велат од ВМРО-ДПМНЕ, но не ги коментираат наводите за фирмата на кандидатот за градоначалник.

Петар Георгиевски Камиказа беше кандидат за градоначалник од Левица.

Поврзани новости