СДСМ: Кој го мести Мицкоски за фирма на неговиот партнер?

by fokus

Кој во белата палата го мести Христијан Мицкоски, прашаа од СДСМ, откако од опозициската партија изјавија дека фирми на Заеви должат над 1 милион евра за данок.

-Фирмата „Дравас Инженеринг” којашто е на листата на должници на УЈП,  а за која ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува, e на Драги Василев, партнер на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентрали.  Од основање, Драги Василев, познат како Драги Минка, е управител на оваа фирма за која зборуваат на прес од Белиот дворец“, реагираа од СДСМ.

Од таму додаваат дека листата на должници на УЈП е транспарентна, јавно се објавува и без исклучок се постапува согласно Законот.

Поврзани новости