Продолжуваат препукувањата меѓу опозициската СДСМ и општина Карпош. Од најголемата опозициска партија тврдат дека кога Стевчо Јакимовски за изборите ветил бесплатни ужинки, не им кажал на граѓаните дека за тоа ќе им го покачи данокот за недвижности и ќе им воведе даноци за милениче и за базен.
– Сега највисоки даноци на недвижности во Скопје ќе плаќаат токму граѓаните на општина Карпош и општина Ѓорче Петров, со која што се потсмева Јакимовски, а ја раководи градоначалник од редовите на неговиот коалициски партнер, ВМРО-ДПМНЕ. Лага е тврдењето на Јакимовски дека советник од СДСМ го поддржал неговиот предлог за покачување на данокот за промет на недвижности.Тој и неговата партија со помош на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ несовесно качуваат даноци во општина Карпош во услови на незапаметена сиромаштија во земјата досега – се наведува во писмената реакција од СДСМ.