СДСМ: Кочоска не се извинува, продолжува со својот манипулативен и арогантен однос

by Fokus

„Наместо да се извини и даде оставка за навредите и дискриминацијата, министерката Гордана Кочоска продолжува со својот аргоантен однос, со нови навреди. Дури Кочоска денеска упатува и заканувачки пораки демек времето ќе покажело. Покажа времето, Кочовска сите ја слишнаа како навредува и дискриминира жени“ реагираат од СДСМ.

Велат „Се лаже Кочоска ако мисли на времето за да се заборави нејзината ароганција, нејзините навредливи и дискриминаторски изјави кон жена“.

„Две недели зборува на дрзок и манипулативен начин. Кочоска го понижи целиот женски род и тоа ќе остане запаметено. Покажа целосно непочитување кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, кон граѓаните кои секојдневно се борат со зголемените трошоци, и кон јавноста која очекува барем малку одговорност од еден министер. Жално е што токму во овој месец кога се одележува Меѓународниот ден на жената, нема никакво чувство за почит кон женте, нема доблест да признае грешка, да се извини и даде оставка“ се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости