СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска одбија седница против загаден воздух

by Fokus

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска ја одбија иницијатива поднесена од советничката група на СДСМ за одржување на вонредна седница на Советот на Град Скопје и мерките кои имаат за цел намалување на загадувањето во главниот град, соопштија утрово од владеачката партија.

-Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ им се важни само теглите со мед, тендерите, провизиите и бизнис влијанијата, не ги засега што состојбата со аерозагадувањето во Скопје е сериозна, а Скопјани со недели дишат токсичен воздух, кој деновиве наместа содржеше ПМ 10 честици и до десет пати повеќе од дозволеното, се потенцира во соопштението од СДСМ.

Од таму додаваат дека градската власт на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за надминување на загадувањето во Скопје и само ја влошува состојбата и го поттикнува загадувањето.

-ВМРО-ДПМНЕ ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје и на скопјани, порачаа од СДСМ.

Поврзани новости