Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, зад грбот на граѓаните прави дилови со истата ДУИ. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира, повторно се заедно, велат од СДСМ.
„Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ – ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците. Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше укинување на балансерот, со реализација на договорот со ДУИ го издигна на повисоко ниво, на ниво на Собранието. Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието. На сабајле Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички одлуки со ДУИ. Да не станаа соучесници во планот за дестабилизација? Ќе излезе ли Митева сега да ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?“, посочуваат од партијата.
„Едно е јасно, договарањата под маса, манипулациите и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат, граѓаните ги препознаваат“ велат од партијата.